3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе е лимон со вода! Ова е мешавина која треба да ја...

Не е лимон со вода! Ова е мешавина која треба да ја пиете секое утро

123084_hlorelaprofimedia0242114867_630x0

Кога помислувате на здрав утрински напиток, сигурно прво на памет ви доаѓа лимонот и млаката вода. Ние имаме многу подобар предлог!

Оваа нова мешавина за која се зборува исто така се состои од две работи, а тоа се кокосовата вода и хлорелата, сино-зелена алга со потекло од Јапонија. Хлорелата е една од најздравите намирници на кои ќе наидете – само еден нејзин грам содржи повеќе нутриенти од, на пример, цел кељ, спанаќ или брокула.

chlorella-752x440

Оваа алга можете да ја пиете на следниот начин – една лажица хлорела во една чаша млака вода. Меѓутоа, ако не се љубител на вкусот на алги, наместо вода можете да ја искористите кокосовата вода, бидејќи ќе го неутрализира вкусот на алги кој не им е пријатен на сите. Нормално, внимавајте да набавите вистинска кокосова вода, без дополнителни шеќери. Така ќе направите идеален напиток за утрото кој ќе ве разбуди, освежи, прочисти од токсини и ќе ви ги даде потребните хранливи материи за убав почеток на денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП