27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските девизни резерви паднаа за 19 милијарди долари во септември

Кинеските девизни резерви паднаа за 19 милијарди долари во септември

kina-novac

Кинеските девизни резерви паднаа во септември трет месец по ред за нешто повеќе отколку што очекуваа пазарите, укажувајќи на нов одлив на капитал од втората најголема светска економија.

Според податоците на кинеската централна банка, девизните резерви на земјата паднале во септември за речиси 19 милијарди долари на 3,166 милијарди долари, од нивото од 3,185 милијарди долари во август, пренесува агенцијата Ројтерс.

Економистите во анкетата на британската агенција предвидоа намалување на девизните резерви на 3,18 билиони долари, по нивниот пад во август на најниското ниво од 2011 година, по интервенцијата на централната банка со цел да го поддржи јуанот кој ослабе на речиси шестгодишен минимум.

Кинеските девизни резерви, најголемите во светот, опаднаа за рекордни 513 милијарди долари минатата година откако Пекинг го девалвираше јуанот, што предизвика забрзан одлив на капиталот кој се закани да ја дестабилизира економијата и да предизвика турбуленции на светските финансиски пазари.

Сепак, одливот е значително забавен во првата половина од оваа година, откако властите ги заострија контролите на капитал и ги спречија девизните трансакции за кои постоеа сомнежи дека се од шпекулативен карактер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП