26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрацијано Пеле нема да игра против Македонија

Грацијано Пеле нема да игра против Македонија

gracijano

Грацијано Пеле (31), во пресрет на мечот со Македонија во Скопје е исфрлен од италијанската репрезентација, бидејќи кога бил заменет на мечот со Шпанија (1-1), одбил да се ракува со селекторот Џанмпјеро Вентура.

Поради својот гест, напаѓачот на кинескиот Шангдонг, по натпреварот им се извинил на селекторот, соиграчите и на нацијата, но селекторот сепак е решил да го суспендира.

„Вентура во договор со челниците на Федерацијата донесе одлука да го отстрани Пеле од националниот тим за натпреварот во Скопје, бидејќи покажал непочитување. Да се биде дел од репрезентацијата значи да имаш потчит кон стручниот штаб, соиграчите и навивачите“, се наведува во соопштението на Фудбалската федерација на Италија.

Пеле за Италија има одиграно 20 натпревари, на кои постигнал девет голови, вклучувајќи ги и трите на Европското првенство во Франција.

Натпреварот Македонија-Италија, во Скопје ќе се одигра в недела од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП