12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФунтата нагло „пропадна“, неколку минути беше изедначена со еврото

Фунтата нагло „пропадна“, неколку минути беше изедначена со еврото

funta

Британската фунта падна утринава на привременото рекордно ниско ниво поради сеуште непозната причина во системот на азиските берзи.

Имено, британската валута загубила 10 проценти од вредноста, со што, една фунта чинела 1,13 американски долари или речиси еднакво како 1 евро. Случувањето предизвика мала паника меѓу трговците кои се обидоа да ја откријат можната причина, но засега неуспешно.

Иако најверојатно се работи за човеков фактор или грешка во системот, британската фунта набрзо закрепна и сега чини 1,24 американски долари. Од друга страна, иако падот беше привремен, одделни експерти предупредуваат дека случајот покажува колку всушност моќните валути можат да ја загубат вредноста.

„Ова е уште поголемо движење отколку она кое се случи веднаш по Брегзит. Овде немавме ниту понуди ниту било какви инвестиции“, изјавија од канцеларијата на Европската банка во Токио.

Многумина наглиот пад го поврзаа со политиката на Европската унија чии претставници, вклучувајќи го и Франсоа Оланд, порачаа дека Обединетото Кралство мора да „страда“ во процесот за излез од ЕУ со цел Европа да остане силна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП