3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во деловен простор во Западна Европа остануваат стабилни

Инвестициите во деловен простор во Западна Европа остануваат стабилни

deloven-prosto3

Обемот на инвестициите во деловен простор во Западна Европа останува стабилен кон крајот на вториот квартал во однос на истиот период oд минатата година, соопшти онлајн изданието „property-magazine.eu“.

Обемот на инвестициите изнесува 244 милијарди евра кон крајот на јули. Канцелариите и понатаму се најчесто користените средства од инвеститорите со 47% од сите инвестиции (118 милијарди евра), што претставува раст од 15% на годишна основа.

Притисокот врз пазарот на деловен простор во Европа доаѓа од водечките пазари – Велика Британија, Франција и Германија, каде инвестициите се намалуваат во вториот квартал на годишна база, пишува уште весникот.

Од ова сепак искористиле другите пазари, како што се Холандија, Белгија и земјите од Скандинавскиот регион.

Во првите шест месеци од годината се забележува и пад на активноста на странските инвеститори во Западна Европа, особено на американските. Се намалува интересот кон Велика Британија и Германија, но слабеењето на активноста таму делумно се компензира со зајакнувањето на пазарите во Холандија, Шпанија, Италија и Ирска.

Геополитичкиот притисок и предизвиците на инвестицискиот пазар ги менуваат правилата за инвестиции во недвижности и атрактивноста на европските пазари, додава весникот, повикувајќи се на извештајот на консултантската компанија „Colliers International“.

Од променетата состојба најмногу профитираа Скандинавските земји и Холандија, како и одредени земји од Централна и Источна Европа, се наведува во извештајот.

Активноста на многу од европските пазари на деловен простор се забавува, иако глобалните фондови продолжуваат да ги прошируваат своите инвестиции во недвижности. Одложувањето сепак се објаснува со недостаток на квалитетен производ и зголемената конкуренција на инвеститорите за ретките добри средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП