24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто работодавците не би требало да ги гледаат дипломите

Зошто работодавците не би требало да ги гледаат дипломите

interview-ajbp

Да пронајдете нови вработени не е лесно. Како што пишува Џастин Барисо на сајтот Inc.com, постојат причини поради кои работодавците треба да ги променат погледите и начините за вработување.

Започнете од прашањата:

Што барате во новите вработени?

„Ernst and Young“ внесоа новина минатата година кога ги изоставија дипломите од колеџ за оние кои од Велика Британија се пријавуваат за работа. Многу компании кои се занимаваат, на пример, со дизајн, не ги интересира CV-то туку портфолиото – односно приказ за целокупната работа на кандидатот.

Дали тоа е мудра одлука?

Вистина е дека постојат многу паметни и талентирани луѓе кои немале прилика да студираат, или пак да завршат дури и вишо школо. Дури и Ласло Бок, кој беше шеф на одделот за човечки ресурси во „Google“ и автор на бестселерот „Work Rules“ исто така мисли. Тој во интервјуто за „The New York Times“ откри дека „Google“ во последно време се повеќе вработува лица кои немаат диплома од колеџ. „Вештините кои ви биле потребни на колеџот не се исти како и способностите кои ви се потребни на работа. Морате да учите додека сте живи, да напредувате и размислувате за проблемите на различни начини“.

Ако престанете да ги гледате дипломите, што тогаш би требало да правите?

1. Гледајте кои проблеми ги решиле досега потенцијалните работници.

2. Побарајте дали кандидатот има способност да размислува позитивно.

3. Барајте луѓе кои не се толку слични на вас.

4. Побарајте го нивното искуство и проценете го.

5. Проверете колку тие се емоционално интелигентни.

6. Уважете го мислењето на вашите вработени за потенцијалниот кандидат, тие имаат способност да оценат дали тој ќе се вклопи во средината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП