4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманското индустриско производство оствари раст над очекувањата во август

Германското индустриско производство оствари раст над очекувањата во август

indu3400

Германската економија ужива стабилно индустриско производство, со што забележа раст над очекувањата за месец август. Зголемувањето изнесува 2,5% на месечна основа во позадина на очекувањата за само 1% раст. Во јули беше регистриран пад во износ од 1,5 отсто. Така во четири од сите осум месеци од годинава, за кои има податоци, индустриското производство се зголемува.

На годишна основа индустриското производство во федералната република расте за 1,9%, исто далеку над прогнозите за пораст во рамките на 0,4 отсто. Во јули беше регистриран пад од 1,3%.

„Во август производството во индустријата со исклучок на енергетиката и градежништвото расте за 3,3 отсто“, пишува германската статистичка служба „Destatis“. „Производството на капитални стоки се зголемува со 4,7%, а на стоката за широка потрошувачка е со 3,3 отсто. Производството на интермедијарни стоки оствари раст од 1,6%, при енергетика има раст од 1,1%, а кај градежништвото се забележува опаѓање од 1,2 отсто“, посочуваат од „Destatis“.

Сепак се уште постои загриженост за јачината на најголемата европска економија по референдумот во Британија за излез од Европската унија. Од Здружението на германските индустриски-трговски комори велат дека одложувањето на преговорите за „Brexit“ ја зголемуваат и несигурноста. Германија забележа и пад од 10% на извозот во јули, што беше најголем пад од 2009-та година. Очекувањата се растот на економијата да се забави во третиот квартал.

indu3401

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП