13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter се нуди: Побрзајте, купете не до ноември

Twitter се нуди: Побрзајте, купете не до ноември

11303029557f64a2f2b67b597948075_w640

Социјалната мрежа „Twitter“ им порача на потенцијалните купувачи дека се обидува да ги заклучи преговорите за својата продажба до објавата на деловните резултати за третиот квартал.

Објавата е планирана за на 27-ми октомври, наведуваат лицата запознаени со случајот, со цел што поскоро на акционерите и вработените да им ја претстави иднината на таа компанија.

Тој временски период за продажба е исклучително амбициозен во контекст на временското траење на повеќето спојувања и аквизиции, со оглед дека во „Twitter“ започнаа да размислуваат за продажба дури минатиот месец. Тоа е најјасниот знак дека извршниот директор Џек Дарси сака што поскоро на акционерите и вработените да им ја разјасни иднината на компанијата.

Обврзувачките понуди за купување би требало да пристигнат во следните две недели, а „Twitter“ веќе го намали обемот на потенцијални купувачи, кажаа оваа недела изворите.

Не е извесно дека тој процес ќе резултира со продажба, предупредија извори кои сакаа да останат анонимни.

„Twitter“ се појави на берзата во ноември 2013 година со цена од 26 долари по акција. Цената на акциите порасна над 74 долари само месец дена по првата инцијална понуда на акции, но оттогаш се наоѓаа во постојан надолен пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП