Најтргувана и воедно единствена во тргувањето на Македонската берза за хартии од вредност во четвртокот со промет над милион денари беше акцијата на Прилепска пивара (ППИВ).
Со оваа акција со истргувани 79 лотови по цена од 30.551,28 денари вчера беше остварен промет од 2,4 милиони денари.
Невoобичаен висок промет имаше и со акциите на Арчелормитал ЦРМ и Арчелормитал ХРМ, при што со акцијата на ЦРМ се истргуваа 60.330 лотови по цена од 13 денари (-18,75 отсто), додека со ХРМ се истргуваа 9.584 лотови оп цена од 8 денари (-27.27 проценти).
Од акцијата на Скопски пазар АД преку две блок трансакции се истргуваа 343 лотови по цена од 9.500 денари. Блок трансакција имаше и со акцијата на Оилко КДА Скопје, каде 523 лотови се истргуваа по цена од 4.000 денари.
Вкупниот промет изнесуваше солидни 12,2 милиони денари и беше реалзиран преку 71 трансакција, а се тргуваше со 28 хартии.
Индексите МБИ10 и ОМБ ја намалија својата вредност за 0,32 и 0,22 отсто, соодветно.