23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата „Лична и колективна историја“ во НЛБ Галеријaта

Изложбата „Лична и колективна историја“ во НЛБ Галеријaта

nlb-galeija

Изложбата насловена „Лична и колективна историја“ на Јана Манева Чупоска (Македонија), Марина Коцарева Ранисављев (Србија), Маја Гечиќ (Србија), ќе биде отворена во петок вечер во НЛБ Галеријaта лоцирана во Дирекцијата на НЛБ Банка АД Скопје.

Изложбата „Лична и колективна историја“ опфаќа дела на три уметници со различни појдовни точки при соочувањето со личниот и колективниот аспект, низ ретроспектива на сеќавањата, потрагата по времето и континуитетот.

Секоја од авторките, потпирајќи се на симболички претстави (фотографија, традиционален костим, автентична облека, видео запис и др.), на специфичен и автентичен начин ја парафразира и преиспитува традицијата, личниот уметнички статус и идентитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП