11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААналитичарите проценуваат дека фондовите би можеле да им свртат грб на хартиите...

Аналитичарите проценуваат дека фондовите би можеле да им свртат грб на хартиите од вредност

Image (6)

Американските инвестициски фондови би можеле да продадат повеќе хартии од вредност од оние што би ги купиле во текот на оваа година, првпат по 2012 година, проценуваат од банката Goldman Sachs.

Во текот на второто тромесечје големите фондови продавале повеќе од она што купувале, тренд којшто продолжил и во следниот квартал, вели Давид Костин, главен аналитичар за американскиот пазар на Goldman Sachs.

Намалениот процент на удел на хартиите од вредност значи одлевања од инвестициските фондови , а значајните одлевања од инвестициските фондови нé наведоа на проценат дека нето купените хартии од вредност во 2016 година ќе бидат помалку за 25 милијарди долари во минус, напиша Костин, а пренесува Business Insider.

Кога станува збор за одлевања, американските инвестициони фондови оваа година нема да ја паметат по добро. Од сеќавања до крајот на септември домашните и странските инвеститори повлекле 156 милијарди долари, двојно повеќе од лани, а најблиску до 2008 година.

Да потсетиме, годината на Волстрит започна со предвидувања дека оваа година може да се намалени приноси од акционерскиот капитал. Меѓутоа сегашната состојба на пазарот им се спротивставува на ваквите предвидувања со 6 отсто раст на индексот на S&P 500.

Натаму, дополнителна несигурност на пазарот и натаму создава неизвесниот исход со претседателските избори во САД, па одовде се очекува намелена заработувачка на компаниите. Освен инвестициските фондови, американските картии од вредност ги напуштаат и странските инвеститори и акционери. Според податоците на Goldman Sach во второт тромесечје странските инвеститори продале акции во вредност од 46 милијарди долари. Но продажбата на акции од страна на странските акционери значително е намалена ако се спореди со 108 милијарди долари забележани во првото тромесечје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП