24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏозеф Стиглиц: Италија ќе ја напушти еврозоната

Џозеф Стиглиц: Италија ќе ја напушти еврозоната

joz

Влијателниот американски економист и добитник на Нобелова награда за 2001 година Џозеф Стиглиц смета дека Италија наскоро ќе ја напушти еврозоната, изјави во интервију објавено во германскиот весник Welt.

„Сé повеќе го чувствувам разочарувањето на Италијанците од еврото. Им станува јасно дека еврото не функционира во Италија“, вели експертот.

Тој посочува дека економијата на државата се наоѓа во длабока криза веќе десет години, не се забележува пораст на производството а невработеноста зе зголемува. Од емоционална гледна точка, на Италијанците им е многу тешко да си ја признаат создадената ситуација и затоа го одлагаат и забавуваат неопходното носење на решение, убеден е Стиглиц.

Тој ,исто така, ја забележа американската трага во европските проблеми. „Кризата започна во САД, но американската економија веќе закрепна од последиците, додека во еврозоната царува конфузија и збунетост“, вели економистот.

Според него, во еврозоната се нужни длабоки реформи, на пример создавање банкарски сојуз, но европските лидери сé уште не биле подготвени за ваков чекор. На зоната со една валута ѝ недостига сплотеност. Вознемирен сум од брзината со која што се презимаат решенијата бидејки многу време се троши во ветар, е категоричен Сталинц.

Економистот заклучува дека идната година еврозоната ќе претрпи суштествани промени. Следните десет години еврозоната сеуште ќе постои, но веројатноста дека сите 19 држави членки на ЕУ ќе го задржат членството во валутниот сојуз е многу мала, прогнозира Стиглиц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП