21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОптимистичкото расположение ги раздвижи нагоре токиските берзански индекси

Оптимистичкото расположение ги раздвижи нагоре токиските берзански индекси

toksiski

Токиската берза во понеделникот отвори со значително покачување. Главна улога изигра отстапувањето на јенот и перспективата за постигнување на договор меѓу американското правосудство и Дојче Банк, чијашто финансиска ситуација ги вознемири финансиските пазари минатата седмица.

Во првата минута на тргувањето индексот Nikkei придоби 0,71 отсто (116,19 поени) и достигна до 16 566, 03 иднексни поени.
Поширокиот индекс Topics, исто така, доби 0,71 отсто (+ 9) – стигна до 1332,14 поени.

На валутниот сегмент на пазарот доларот се искачи на 101,50 јени за разлика од затварањето во петокот кога беше 101,20 јени. Еврото се искачи на 114 јени од 113, 50 јени во петокот.Ваквите движења обично ги поттикнуваат купувачите на хартии од вредност на извозно ориентираните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП