14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКучи: Олеснување на трговијата, преку поедноставени царински процедури

Кучи: Олеснување на трговијата, преку поедноставени царински процедури

oo33

Македонија има усогласена царинска законска регулатива со царинските прописи во Европската унија и е меѓу првите членки на Светската трговска организација што ја ратификуваше Спогодбата за олеснување на трговијата.

„Преку неа може да ги намали трошоците за тргување до 10% за развиените земји и до 15% за земјите во развој, како и да овозможи поддршка на порастот на извозот во земјите во развој за околу 20%“, рече министерот Дритон Кучи на Регионалната конференција „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“, во организација на Стопанската комора на Македонија со поддршка на партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК.

Хармонизацијата на царинските прописи во регионот подолго време е императив во рамки на годишните програми на ЦЕФТА, но истовремено и во Стратегијата на ЈИЕ 2020, а Република Македонија активно се вклучи во креирањето на документот за олеснување на трговијата, преку воспоставување на транспарентни средства и поедноставување на царинските и трговски процедури за елиминирање на можни ризици во извозот и непречен пристап на пазарите во регионот, кој наскоро треба да се усвои од страна на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА.

Според претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ЦЕФТА, а сега и Берлинскиот процес се сериозни алатки за постигнување економски напредок во регионот. Тие имаат јасна цел, стабилен финансиер и персонал кој може да ги реализира, а тоа се и клучните елементи за освојување нови пазари, интензивирање на меѓународната соработка и олеснување на трговијата.

„Олеснување на трговијата нема да има сѐ додека не се елиминираат митото и корупцијата. Институциите мора да се заложат за откривање на причините на ваквата појава и за нејзино целосно искоренување“, истакна Азески.

Во таа насока се и четирите барања што ги испорача денеска Стопанската комора на Македонија на оваа регионална конференција за поедноставување на царинските постапки: поширока примена на поедноставните царински постапки од страна на бизнис заедницата на ниво на регионот, заживување на електронското, наспроти хартиеното работење во трговијата, пристапност на земјите од регионот до Конвенцијата за заедничка транзитна постапка за користење на бенефитите од новиот компјутеризиран транзитен систем, како и поголема соработка со ЦЕФТА комитетот за олеснување на трговијата.

Македонската царина, како што соопшти директорката Наташа Радевска Крстевска, работи по исти стандарди како и вкупно три илјади царински испостави низ цела Европа, а тоа значи не само олеснување на трговијата, туку и привлекување нови инвестиции. На терминалите, нагласи Радевска Крстевска, увоз и извоз се реализира во секое време, а престојот додека трае целата постапка е бесплатен.

„Царинската управа континуирано презема мерки за олеснување на царинските постапки, постојано е во контакт со бизнис заедницата и ги спроведува неопходните реформи“, посочи директорката.

Во однос на барањето на компаниите за отворање нови царински терминали, министерот за економија Дритон Кучи информираше дека во тек интензивни разговори со Царинската управа да се разгледа можноста за отварање нови царински терминали во граничните премини Јажинце во Тетово и Блато во Дебар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП