19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во инфраструктура се приоритет на ски одморалиштата во Европа

Инвестициите во инфраструктура се приоритет на ски одморалиштата во Европа

ski centri 33535

Ски одморалишта во Европа треба да се фокусираат на инфраструктурата, ако сакаат да привлекуваат купувачи на имоти за одмор, препорачува консултантската компанија „Knight Frank“, цитирана од онлајн изданието „worldpropertyjournal.com“.

Купувачите веќе не ги гледаат само спецификите на имотот од кој се ориентираат, а и местото како целина, што би влијаело врз неговата идна продажна цена. Хоризонтот на инвестицијата кој тие го оценуваат е 5-10 години, објаснува Кејт Еверет-Ален од компанијата.

Купувачите сакаат да се сигурни дека кога ќе одлучат да го продадат имотот, тие ќе можат да го направат брзо, коментира таа.

Се повеќе купувачи на имот за одмор во ски центри ги проверуваат инвестициските планови и стратегиите за нивниот развој. Клучно прашање за инвеститорите е дали соодветното одморалиште цели кон подобрување на својата позиција на светскиот пазар на ски туризам, какви се трговските површини во регионот, има ли планови за отворање на нови хотели и слично.

Уште пред децении некои одморалишта ја реализираа потребата од инвестиции во инфраструктура, поради што во моментов жнеат успеси и на пазарот на имот за одмор, нагласува експертот.

Во последно време големи планови за инвестиции во инфраструктурата започнаа Вал Дизер, Вербие и Шамони, додава весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП