4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota Corolla останува лидер на светскиот пазар

Toyota Corolla останува лидер на светскиот пазар

lider car 00

Најпродаван автомобил на планетата, како и минатата година, продолжува да биде „Toyota Corolla“. Резултатот на моделот за првите 8 месеци од оваа година падна за 1,5% во споредба со 2015-та година, но и покрај тоа тој има сериозна предност пред своите конкуренти, објави „Focus2move“.

Од 1-ви јануари до 31-ви август од „Corolla“ се продадени над 836.000 единици. Тоа е со речиси 200.000 повеќе од вториот на табелата – „Ford F-Series“. Американскиот пикап сепак оствари зголемување за 9,2% и тоа му овозможи да го надмине европскиот бестселер „VW Golf“, кој во 2015-та година беше на второ место. Интересот за германскиот модел е намален за 6,1%.

lider car 01

Пад во продажбата забележа и „Ford Focus“ кој се наоѓа на четвртото место. Тој е од близу 14%, што овозможува да се намали разликата помеѓу него и петтиот на листата – „Hyundai Elantra“. Во исто време „Toyota RAV 4“ доаѓа до шестото место, откако минатата година беше 10-ти.

Големата ѕвезда во првата стотка сепак е „Hyindai Tucson“, кој за 12 месеци запишал зголемување од 196,2% и од 83-то место се движи од 13-то со 402.791 продажби.

Топ 10 по продажба:

lider car 02

Забелешка: Во првата колона е пласманот, а во втората тој од минатата година. Во четвртата се резултатите, а во петтата е разликата во споредба со 2015-та година.

Генерално за првите 8 месеци од годината во целиот свет се продадени околу 60 милиони нови автомобили, што е зголемување за 3,3%. Лидер останува пазарот во Кина со 16,9 милиони единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП