16 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го завршите деловниот состанок на најефикасен начин

Како да го завршите деловниот состанок на најефикасен начин

office-kancelarij-640x330

После успешен состанок, сите кои учествувале на состанокот треба да знаат што се очекува од нив да направат. Единствено тогаш времето поминато на состанокот е продуктивно.

За да обезбедите голема веројатност дека работите кои сте ги договориле на состанокот ќе бидат завршени, важно е на крајот од состанокот да повторите кои се договорените задачи и кој е одговорен тие задачи да ги заврши:

1. Најавете дека ќе проверите дали секој разбрал што треба да направи

2. Запишете наслов во својот роковник или на лист – Преглед на задачите од состанокот

3. Уверете се дека на секого му е јасно што и кога треба да направи

* Замолете го да запише се за задачата за која ќе биде одговорен

* Повторете ја задачата која е доделена

* Кажете му јасно што се очекува од него да направи

* Објаснете му дека само тој е одговорен за задачата

* Договорете се кој може да му помогне

* Одредете термини кога ќе бидете достапни за консултации

* Одредете го рокот за завршување на задачата

4. Договорете го терминот за следниот состанок

5. Доставете преглед на задачите на сите учесници на состанокот

Доколку е добро направен, овој преглед за секоја задача треба да содржи:

*Име и презиме на одговорното лице

*Јасен резултат кој се очекува од него

*Рок до кога треба да заврши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП