8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Во Европа ќе настане хаос доколку на Британија ѝ дозволиме одредени...

Меркел: Во Европа ќе настане хаос доколку на Британија ѝ дозволиме одредени поволности

1918

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавидека доколку на Британија ѝ се овозможи да го задржи целосниот пристап до пазарот на ЕУ а истовремено да ја ограничи миграцијата од Унијата ќе доведе до хаос во Европа, пренесуваат светските агенции.

Во своето обраќање кон германските индустриски организации, германската канцеларка го нагласила значењето на одржувањето на „основните слободи“ во Европската унија, што ја подразбира и слободата на движењето на државјаните на ЕУ.

Британската премиерка Тереза Меј минатата недела изјави дека планира до крајот на март следната година за започне со постапката за излегувањето на земјата од ЕУ, а приоритет на Британија ќе биде контрола на миграцијата. Меркел, пак, додала дека преговорите со Лондон „нема да бидат лесни“.

„Доколку речеме дека целосниот пристап до внатрешниот пазар не е поврзан со целосното прифаќање на нашите четири основни слободи, процесот ќе се прошири низ Европа и секој ќе прави тоа што сака“, потенцирала Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП