19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ планира да потроши 500.000 евра за нов мебел

ЕЛЕМ планира да потроши 500.000 евра за нов мебел

elem

Државните Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) планираат да потрошат над 500.000 евра (без ДДВ) за набавка на мебел, најверојатно за новата административна зграда чија изградба е во финална фаза.

Објавениот оглас на Бирото за јавни набавки покажува дека државното претпријатие бара компанија која ќе достави канцелариски и друг мебел, покуќнина, домашни уреди чија проценета вредност е 30 милиони и 800 илјади денари без Данок на додадена вредност (ДДВ). Главен критериум во огласот е најниската цена.

Со набавката на мебел би требало да се заокружи новата административна зграда која се гради во центарот на метрополата, на улица „Македонија“ на просторот на поранешниот мини парк спроти Старата железничка станица.

Објектот е висок 29 метри; има приземје, осум ката и поткровје и вкупна површина од 9.130 квадратни метри и е во стилот на проектот Скопје 2014-та.

Почна да се гради пред нешто повеќе од три години. За него првично беа планирани 11.6 милиони евра, но со дополнителните договори се потрошија 17.4 милиони евра. Главен изведувач беше австриската компанија „Штрабаг АГ“, а финалните работи кои се при крај ги изведува „Озон“ од Скопје.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП