13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаде грешат жените при деловните преговори?

Каде грешат жените при деловните преговори?

download

Една од причините за успешноста во работата лежи во тоа да бидете соодветно платени. Висината на платата, меѓу остантото, зависи од вашата способност за преговарање – вештина која ја немаат повеќето жени, ако им се верува на истражувањата.

Ли Милер, авторка на „Женски прирачник за успешно преговарање“ ги објасни најчестите и најконтрапродуктивни грешки кои жените ги прават при преговарањето.

1. Прифаќање на првата понуда – преговарањето е особено важно доколку сакате да растете во корпоративната пирамида, бидејќи работодавецот, фактот дека не сакате да преговарате ќе го сфати како недостаток на лидерски вештини.

2. Верување во се што ќе се каже – првата понуда ретко е најдобра, а мажите добро го знаат тоа и затоа бараат повеќе кога работодавците ќе им кажат „Тоа е се што можеме да ви понудиме“, побарајте и вие повеќе од првично понуденото и не верувајте во се што ви се кажува, тоа се мудри потези кои ги користат работодавците.

3. Безусловна лојалност – вие треба да бидете платени врз основа на вашите вештини и искуство, а ако тоа не може да ви го понуди работодавецот, воопшто не треба да му бидете лојални, напуштете го.

4. Барање на „чесен“ исход наместо на најдобриот – без оглед дали преговарате за нова работа или барате зголемување, никогаш не треба да го користите зборот „чесно“. Жените кога преговараат бараат чесен исход, а мажите се натпреваруваат и победуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП