13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank може да избегне казна за скандалот со Русија

Deutsche Bank може да избегне казна за скандалот со Русија

dojce

Најголемата германска банка Deutsche Bank, може да ја избегне казната во врска со скандалот во Русија, без разлика што истрагата за нејзините сомнителни трансакции продолжува и натаму, пишува Süddeutsche Zeitung.

Федералниот оддел за надзор на финансискиот сектор (Bafin) не нашол докази и ќе се ограничи само на препораки насочени кон подобрување на менаџирањето со ризици, пишува изданието без да ги открива изворите на информации. Претставници на Bafin и на Deutsche Bank одбиле да коментараат.

Од причини што други институции немале ваков вид проблеми, тешко може да се предвиди каква ќе биде казната за банката. Но, сепак, не е целосно исклучена веројатноста од казна изразена во милијарди евра.

Истрагата за таканаречените огледални зделки со хартии од вредност, коишто ги направило руското претставништво на Deutsche Bank продолжуваат да се во видикот на британските и американските финансиски органи.

Ваквиот вид зделки веројатно овозможиле да се изнесат од Русија околу 10 милијарди долари, пари на руски клиенти коишто паднале под ударот на санкциите воведени по присоединувањето на Крим. Според агенцијата Bloomber News, станува збор за блиски лица до рускиот претседател Владимир Путин, меѓу кои и браќата Аркадиј и Борис Ротенберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП