8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит финансискиот и енергетскиот сектор поттикнаа раст, пад на европските индекси

На Волстрит финансискиот и енергетскиот сектор поттикнаа раст, пад на европските индекси

volstrit56

На главните европски берзи во средата цените на акциите паднаа, а на њујоркшки Волстрит цените на акциите пораснаа, во прв ред благодарејќи на финансискиот сектор бидејќи се очекува дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) наскоро да ги зголеми каматите, додека енергетскиот сектор зајакна благодарејќи на растот на цените на нафтата.

На европските берзи во падот на цените на акциите вчерашното тргување лондонскиот индекс FTSE го заврши со намалување од 0,58 отсто, на 7.033 поени, додека франкфуртскиот DAX индекс ослаби за 0,32 проценти, на 10.585 поени, додека парискиот индекс CAC падна за 0,29 отсто, на 4.489 индексни поени.

На американските пазари на акции, пак, во средата индексот Dow Jones зајакна за 0,62 отсто, на 18.281 поен, додека S&P 500 индексот порасна за 0,43 проценти, на 2.159 поени, индексот Nasdaq за 0,50 отсто, на 5.316 индексни поени.

Ова беше чувствителен раст на Волстрит по двата дена пад, на индексите, при што најмногу, за 2 отсто, скокнаа цените на акциите во финансискиот сектор, кому би му одело во полза зголемувањето на каматите од страна на Fed.

А очекувањата дека американската централна банка наскоро ќе ги зголеми клучните каматни стапки пораснаа откако беше објавено дека активноста во услужниот сектор во САД во септември достигнала највисоко ниво во последните 11 месеци. По тие сигнали за забрзување на растот на економијата, трговците на пазарите на шари ги зголемија изгледите за зголемување на каматите на Fed во декември од 63 на 65 отсто.

И додека можноста а скорешното зголемување на каматите позитивно влијаеше на финансискиот сектор, во секторот на недвижнините цените на јациите во средата потонаа за 1,9 отсто.

Од друга страна, поддршка на пазарот му пружи растот на цените на нафтата на највисокото ниво во последните неколку месеци, по податоците кои покажуваат дека резервите на нафта во САД минатата седмица паднале за повеќе отколку што се прогнозираше, што ги поткрепи надежите на вложувачите во јакнење на побарувачката. Благодарејќи на тоа, S&P индексот на енергетскиот сектор во средата скокна за 1,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП