24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШокираше скокот на надворешно-трговскиот дефицит на САД

Шокираше скокот на надворешно-трговскиот дефицит на САД

61706780257f537eba7046917021361_w640

Надворешно-трговскиот дефицит на САД неочекувано е зголемен во месец август, бидејќи зголемениот увоз на капитални добра и рекордната набавка од странство го фрлија во сенка растот на извозот.

Американскиот дефицит во трговската размена со странство скокна во август за 3,0 проценти на месечно ниво, на 40,7 милијарди долари, покажаа податоците на Министерството за трговија во Вашингтон.

Економистите во анкетата на Блумберг прогнозираа во просек дефицит од 39,2 милијарди долари.

Увозот во август забележа раст од 1,2 проценти, додека извозот е зголемен за 0,8 проценти.

Вкупниот извоз во август вредел 187,9 милијарди долари, додека увозот вредел 228,6 милијарди долари.

Увозот на услуги скокнал за 1,5 милијарди долари на 43 милијарди, при што најголемиот раст потекнува од надоместоците за користење на интелектуална сопственост, што, според оценката на њујоршката агенција, привремениот скок поради плаќањето на надоместоци за правата на емитување на Олимписките игри.

Покрај услугите, зголемени се и набавките на храна и капитални добра од странство, како авио и телекомуникационата опрема.

Податокот за дефицитот во надворешно-трговската размена за САД за јули, од 38,5 милијарди долари, Министерството за трговија не го промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП