27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како се претставија суровините во третиот квартал?

График на денот: Како се претставија суровините во третиот квартал?

commodities-bajistas

Во третиот квартал од годината суровините како целина не се претставија во најдобро светло, па индексот „GSCI“ (Goldman Sachs Commodity Index) забележа пад од 5,7%.

Слабите резултати се должат главно на земјоделски производи, како пченицата, пченката и сојата, но и на ураниумот, кој забележа уште послаб квартал, коментира „Visual Capitalist“.

И покрај овие пречки повеќето суровини се уште остваруваат доста добри резултати од почетокот на годината, па досега.

Цените на среброто, суровата нафта и цинкот се со раст од 30% за оваа година. Суровини како злато, паладиум, природен гас и никел, пак бележат покачување со над 20%. Ураниумот е единствениот метал на црвената територија, откако поевтинувањето е за 30%.

Нема сомневање дека последните три месеци од годината ќе бидат уште еден интересен квартал.

Во ноември се одржуваат изборите за претседател на САД, а аналитичарите предупредуваат дека одреден резултат би довел до исклучителна нестабилноста на пазарот. Во исто време, некои експерти сметаат дека оваа непредвидливоста може да доведе до огромен скок кај златото и другите благородни метали. Според изданието и двете варијанти се можни.

Во меѓувреме договорот за ограничување на производството на ОПЕК ги зголеми цените на суровата нафта. Пазарите сепак остануваат скептични кон тоа дали зделката навистина ќе се случи, а општите ставови се дека замрзнување на производството нема да има.

commodity-update-q3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП