1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови предупредувања: Банки, ова е голема закана

Нови предупредувања: Банки, ова е голема закана

евробанки

На Европските банки им се неопходни итни и сеопфатни акции за да се изборат со прекумерните лоши кредити и неефикасните деловни модели.

Како што предупреди Меѓународниот монетарен фонд, на нив им се закануваат остварувања на прениски профити.

Во најновата проценка на глобалната финансиска стабилност, ММФ наведува дека слабата профитабилност во услови на ниски каматни стапки и низок економски раст може со тек на време да го поткопа одбрамбениот штит на европските банки, што би ја загрозило нивната способност за пружање на економско закрпенување и би ја ослабило стабилноста, пренесува агенцијата.

„Во еврозоната, огромното ниво на лоши кредити и структурната кочница по профитабилноста бараат итни и сеопфатни акции. Намалувањето на нивото на проблематични кредити и решавањето на проблемот со недостаток на капитал во слабите банки е приоритет“, се наведува во извештајот на Фондот.

Според податоците на ММФ, износот на проблематичните кредити во Европа и понатака изнесува околу 900 милијарди евра.

И покрај слабоста во Европа, ММФ заклучи дека ризиците по глобалната фнансиска стабилност „спласнале“ од последниот извештај на таа институција од април.

Како што порачува ММФ, закрепнувањето на цените на нафтата им помогнало на одделни пазари во развој, а стравот од економското забавување на Кина го ублажија поттикнувачките мерки на официјален Пекинг наменети за пружање на поддршка на економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП