23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Комерцијална банка најтргувана

Акцијата на Комерцијална банка најтргувана

mk berza kke

Во фокусот на инвеститорите на Македонската берза на хартии од вредност во средата беше акцијата на Комерцијална банка при што се истргуваа 2.584 лотови по просечна цена од 2.550,33 што предизвика раст на цената од 2,15 отсто.

Речиси половина од прометот беше направен само со акцијата на Комерцијална банка.

Промет од над милион денари имаше и со акциите на Гранит и Скопски пазар.

Вкупниот промет изнесуваше 13,3 милиони денари и беше реалзиран преку 85 трансакција при што индексот МБИ10 порасна за 0,59 провценти, a ОМБ за 0,01 отсто.

На официјалната страна на Македонската берза за хартии од вредност денес актуелни вчера беа објавите на Топлификација-за презакажано собрание на акционери, Македонски телеком-за позајмица и Триглав осигурување објави одлуки од одржаното акционерско собрание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП