ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја откажа соработката со САД околу атомските истражувања

Русија ја откажа соработката со САД околу атомските истражувања

rusija-sad

Рускиот премиер Дмитриј Медведев ја потпиша уредбата за суспензија на атомското истражување и развој со САД, објавено е во среда на неговата интернет страница.

„Американските санкции против Русија, вклучително и (претходната) суспензија на американско-руската соработка на подрачјето на атомската енергија, бараат контрамерки“, се вели во објавеното соопштение.

Руските медиуми пренесуваат дека суспензијата посебно се однесува на соработката меѓу руската државна атомска корпорација Росатом и американското министерствоз а енергетика.

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на неделата ја потпиша уредбата за суспензија на американско-рускиот договор за складирање на вишокот плутониум, што може да се користи за изградба на нуклеарно оружје.

Американската влада истовремено објави дека ја откажува воената соработка со Русија во Сирија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП