5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на американските резерви ја крена цената на нафтата близу 52 долари

Падот на американските резерви ја крена цената на нафтата близу 52 долари

nafta-pafta

Цените на нафтата пораснаа во петокот на меѓународните пазара близу 52 долари за барел, поддржани од извештајот на Американскиот институт за нафта (API) кој покажа остар пад на резервите во САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 87 центи во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 51,74 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 81 центи повисока цена, од 49,50 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека референтната цена на барел кошница нејзина нафта во вторникот изнесувала 46,70 долари, што значи дека позначително не се променила во однос на тргувањето во понеделникот.

Во вторникот во својот седмичен извештај API извести дека комерцијалните резерви во САД минатата седмица паднале за 7,6 милијарди барели. Вниманието сега се насочува кон официјалниот извештај ко ќе биде објавен подоцна во средата. Доколку биде потврден остриот пад на резервите, тоа ќе ги поткрепи оцените за намалувањето на прекумерното снабдување, што ги притиска цените на нафтата од 2014 година.

„Доколку владиниот извештај ги потврди податоците на API, центите на нафтата повторно ќе тргнат кон високото ниво од јуни“, толкува за Reuters Оливие Жакоб од „Petromatrix“.

Џефри Хеји, од сингапурската компанија OANDA, пак, смета дека потврдата на податоците за падот на резервите во САД веројатно ќе ги подигне цените на нафтата на американскиот пазар над 50 долари за барел.

На лондонскиот пазар цените и натаму ја црпат поддршката од неочекуваниот договор на членките на OPEC за намалување на производството на 32,5 до 33,0 милион барели дневно, што би било 740.000 барели дневно помалку отколку што на ниво на картелот се произведуваше во август, според месечниот извештај на организацијата.

Овој потег претставува радикална промена на стратегијата од страна на OPEC, кој во ноември 2014 година не успеа да постигне договор за намалување на производството. Иако кон крајот на септември во Алжир не беа разработени сите поединост, договор ги поддржува цените на нафтените пазари.

„Самата закана со намалувањето на нивото на производство би требало да ги поддржи цените на нафтата до следниот состанок на OPEC, кој ќе се одржи на 30-ти ноември“, во седиштето на организацијата во австриската престолнина Виена, констатира Џејсон Гејмел од американските инвестициска банка „Jefferies“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП