28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИ Кредит тргнува по 16 милијарди евра додатен капитал

УНИ Кредит тргнува по 16 милијарди евра додатен капитал

unicredit-banca-324

Најголемата италијанска трговска банка според имотот „UniCredi“, планира преку издавање нови акции и продажба на имот да прибере 16 милијарди евра додатен капитал, откриваат упатени извори за Reuters.

Банката е во постапка за продажба на инвестициската подружница на „Pieneer“ а со полската државна осигурителна PZU разговара за продажба на 40 проценти од уделот во тамошната банка „Pekao“.

Преку продажбата на овој имот „UniCredit“ бара купувач за онлајн брокерската куќа „Fineco“, тврдат упатени извори однатре од банката, а од што би можеле да се приберат 8 милијарди евра. Уделот во „Pekao“ банката вреди 3,1 милијарда евра по моменталните пазарни цени, додека оние 55 отсто во Фиренца би можеле да вредат 1,7 милијарди евра.

Изворите тврдат дека „Pioneer“ банката сака да побара три милијарди евра за својот дел. Да потсетиме, адекватноста на капиталот на „UniCredit“ банката заостанува зад конкурентите од банкарскиот бизнис, а капиталот ќе продолжи и понатаму да се намалува после продажбата на портфолијата на лоши или тешки за реализација, кредити во вредност од 51 милијарда евра.

Изворите информираат и тврдат дека оваа продажба ќе биде одлучувачки показател за да се процени колкави се всушност капиталните потреби на „UniCrediit“. Продажбата на имотот е дел од стратешкиот преглед кој во септември го покрена новиот извршен директор на банката Жан-Пјер Мустиер.

Италијанските медиуми пишуваат дека од портфолијата на лошите кредити може да се наплатат до 20 милијарди евра. Капиталното зголемување би можело да уследи на крајот на ноември, веднаш по објавувањето на новиот работен план, објавува Reuters. Од „UniCredit“ одбиле да ги коментираат медиумските написи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП