17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМултиетнички младински претприемачки камп во Охрид

Мултиетнички младински претприемачки камп во Охрид

kamp

Претприемачите, граѓанските организации и општините заедно ги градат претприемачките капацитети во Охрид каде почна вториот мултиетнички младински претприемачки камп.

Кампот се одржува од среда до петок, во хотел „Пела“ во Охрид, како дел од активностите на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.

Организатор е проектниот партнер Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. Ова е втор од серијата три мултиетнички младински претприемачки кампови. Целта на кампот е да придонесе кон зголемување на знаењето и развој на вештините на околу 50 учесници, од кои најголем дел млади претприемачи, да раководат со сопствен бизнис и да остварат успешен развој преку воспоставување на стратешки партнерства со претставници на граѓански организации и општините.

Учеството на кампот е бесплатно. Програмата на кампот опфаќа теми за развој на претприемачки капацитети и теми за градење на капацитети за застапување и лобирање.

Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ има главна цел да придонесе кон развојот на мултикултурната демократија и стабилност преку зголемување на капацитетите на младинските граѓански организации и младите претприемачи од различни етнички групи.

Проектот е имплементиран од партнерските организации Фондација претприемачки сервис за млади, Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум, а е финансиран од Европската унија.

Во рамките на проектот беше изработена и мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво. Во истражувањето беа вклучени повеќе од 100 млади претприемачи од различни етнички заедници. Студијата за првпат промовира истражување на различни претприемачки аспекти на национално ниво, со посебен акцент на меѓуетничките тенденции и ставови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП