26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе ги укине визите за Грузија откако ќе воспостави систем за...

ЕУ ќе ги укине визите за Грузија откако ќе воспостави систем за замрзнување на безвизниот режим

еу-гру

Советот на Европската унија (ЕУ) ја усогласи својата позиција во преговорите за безвизен режим со Грузија и изјави дека оваа одлука ќе почне да важи откако на сила ќе стапи европскиот механизам за замрзнување на безвизниот режим, пренесува ТАСС.

Иако Комитетот на постојани претставници во Советот на ЕУ го потврди предлогот на Европската комисија за взаемен безвизен режим за државјаните на ЕУ кои патуваат во Грузија, и за грузиските граѓани кои патуваат во ЕУ, Советот остави еден услов.

„Советот на ЕУ нотира дека влегувањето на сила на договорот за визна либерализација со Грузија треба да се случи истовремено со воведувањето на новиот механизам за замрзнување на безвизниот режим“, заклучил Советот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП