27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ и ЈАКО го промовираа новиот дрес на Македонија(фото)

ФФМ и ЈАКО го промовираа новиот дрес на Македонија(фото)

dres ffm

Фудбалската федерација на Македонија и германскиот спортски бренд ЈАКО денеска го промовираа новиот дрес на репрезентацијата на Македонија.

Дизајнот на новиот дрес на македонската репрезентацијата е дело на дизајнерот на ФФМ, Рахила Илиев.

„Распространетото златно сонце со осум сончеви краци е национален симбол во повеќевековната историја на Македонија и претставува спокој, храброст и сила на сите Македонци. Инспирирани од знамето кое се виори на ветрот, дизајнерот го поставува „сонцето“ малку брановито“, беше кажано на промоцијата на новиот дрес.

mak

На промоцијата беа присутни првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, и претставникот на ЈАКО, Ханс Веркле.

Во улога на манекени се појавија А репрезентативците Богатинов и Ѓорѓиев и играчите на младата селекција Алексовски и Марковски.

make

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП