26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит пад втор ден по ред

На Волстрит пад втор ден по ред

wall stret3

На Волстрит во вторникот цените на акциите паднаа втор ден по ред, бидејќи вложувачите се загрижени од намалените процени на економскиот, можното зголемување на каматите од страна на американската централна банка Federal Reserve (Fed) и претстојното излегување на Велика Британија од Европската унија.

На европските берзи, пак, во вторникот цените на акциите пораснаа. Лондонскиот индекс F TSE зајакна за 1,30 отсто, на 7.074 поени, додека, франкфуртскиот индекс DAX порасна за 1,03 отсто, на 10.619 поени, а парискиот CAC индекс скокна за 1,11 проценти, на 4.503 индексни поени.

На Волстрит, пак, во вторникот индексот Dow Jones ослабе за 0,47 отсто, на 18.168 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,50 проценти, на 2.150 поени, а Nasdaq индексот падна за 0,21 отсто, на 5.289 индексни поени.

Во десет од единаесетте главни сектори на S&P 500 индексот, цените на акциите во вторникот паднаа, а најмногу во телекомуникацискиот, за 1,7 отсто, и во комуниалниот за 2,2 отсто.

Вложувачите ги загрижи извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во кој е намалена процената на растот на глобалната економија, при што се проценува дека американската економија оваа годна ќе порасне за 1,6 отсто, а не за 2,2 отсто колку што се очекуваше.

Иако се очекува забавен рас на економија, дел од функционерите во Fed сметаат дека каматите би требало да бидат зголемени. Така во вторникот Џефри Лејкер, претседател на филијалата во Ричмонд, рече дека доколку би имал право на глас, на минатата седмица би го поддржал зголемувањето на каматите. Трговците на пазарот на парите сега проценуваат дека постојат 63 отсто шанси за зголемува на каматите на Fed во декември.

Инвеститорите го следат и падот на курсот на британската фунта, која кон американскиот долар падна на најниското ниво во три децении, откако британската премиер Тереза Меј предупреди дека преговорите за излегувањето од ЕУ нема да бидат без проблеми.

И додека падот на фунтата позитивно влијаеше на Лондонската берза, бидејќи со тоа се зголемува ценовната конкурентност на британските извозни производи на странските пазари, американските инвеститори беа загрижени од тоа.

Вложувачите се претпазливи и поради близината на американските претседателски избори на 8-ми ноември, а наскоро започнува и сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на компаниите, кои можат да покажат дека заработките паднале вече петто тримесечје по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП