4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурода: Каматите ќе се зголемат кога ќе се постигне целта за инфлацијата

Курода: Каматите ќе се зголемат кога ќе се постигне целта за инфлацијата

kuroda jap

Каматните стапки во Јапонија ќе почнат да се зголемуваат, кога централната банка ќе ја постигне својата цел за два проценти инфлација, иако е малку веројатно кредитирањето да поскапе наскоро. Тоа го изјави гувернерот на Јапонската централна банка, Харухико Курода, цитиран од агенциите.

„Незамисливо е долгорочно каматните стапки да останат околу нулата, кога целта за 2% инфлација е постигната“, изјави Курода во своето обраќање пред пратениците.

„Ако се потребни дополнителни олеснувања, каматните стапки може да бидат дополнително намалени. Од друга страна, тие може да се зголемат, ако се исполни целта за ценовната стабилност“, истакна тој.

Курода додаде дека не гледа непосредна штета за јапонските банки од политиката на негативни камати, воведена на почетокот на годината.

„При утврдување на монетарната политика ние ги земаме предвид не само како мерките кои влијаат на кредитирањето и на економијата, туку и како влијаат на финансискиот сектор“, додаде гувернерот на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП