21 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ најавува тмурно време после Брегзит

ММФ најавува тмурно време после Брегзит

mmf-mmf-mmf-imf

Неизвесноста поврзана со Брегзит ќе го оптерети британскиот економски раст, со влијанието на инвестициите, потрошувачката и недвижнините, предупредува ММФ во октомвриската прогноза.

Иако изгледа дека пазарите добро го издржаа шокот од британското гласање за излез од Европската унија „конечното влијание останува непознато, додека е неизвесна иднината на институционалните и комерцијални договори меѓу Велика Британија и Европската унија“, наведе денес ММФ.

Како последица на тоа ММФ предвидува раст на бруто домашниот производ (БДП) во Велика Британија од 1,8 проценти во 2016 година и потоа јасно забавување на 1,1 проценти во 2017 година.

Со тоа фондот покажа незначително повеќе оптимизам за тековната година во однос на последната прогноза објавена во јули, кога прогнозиташе раст на Британија од 1,7 проценти, но е помалку сигурен за наредната година каде ја намали прогнозата на растот од претходните 1,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП