22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Tesco за првото полугодие ги надмина очекувањата на аналитичарите

Профитот на Tesco за првото полугодие ги надмина очекувањата на аналитичарите

tesco 88444

Британскиот синџир за малопродажба „Tesco“ забележа добивка за првото полугодие над оценките на аналитичарите, што покажува дека планот на главниот извршен директор Дејв Луис за заживување на компанијата и стекнување на сила, пишува „Bloomberg“.

Оперативната добивка порасна за 60% до 596 милиони фунти (759 милиони долари) пред еднократните ефекти, соопшти компанијата, а во исто време ги претстави плановите да се врати профитот до нивото од пред три години. Средната оценка на 15-те аналитичари анкетирани од „Bloomberg News“, беше за профит од 523 милиони фунти. Цената на акциите на компанијата скокна за 9,3% по веста, најголемиот раст од пред две години.

Луис донесе стабилност во „Tesco“, откако ги намали цените и ги подобри услугите на клиентите во позадина на ценовната војна, започната од поевтините синџири, како „Aldi“ и „Lidl“. Оптимизмот на инвеститорите се ограничува од тенденциите надвор од контролата на главниот извршен директор: новото минимално плаќање ги зголемува трошоците за најголемиот британски сопственикот во приватниот сектор, а во исто време намалувањето на приносот на обврзниците го зголеми пензискиот дефицит на „Tesco“ со 3,2 милијарди фунти до 5,9 милијарди фунти во последните шест месеци.

Од „Tesco“ објавија дека е поставена за цел оперативна маргина меѓу 3,5% и 4% до финансиската 2020-та година. Маргина за основниот локален бизнис со супермаркети бил 1,8% во првото полугодие, намалување од околу 5% од пред две години, откако компанијата ги намали цените за да го задржи темпото со поевтините синџири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП