23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Грос: Централните банки ги претворија глобалните пазари во казино

Бил Грос: Централните банки ги претворија глобалните пазари во казино

gros

Централните банкари во светот ги претворија финансиските пазари во казино поради невидените монетарни политики, изјави во вторникот Бил Грос oд „Janus Capital“, цитиран од агенциите.

„Нашите финансиски пазари станаа казино од Лас Вегас, Макао или Монте Карло, обложувањето на тоа дека бесконечното снабдување на кредити од страна на централните банки ќе доведе до номинален раст на БДП-то до ниски, но прифатливи нивоа“, вели Грос.

Тој управува со обврзниците на фондот „Janus Capital“ (Global Unconstrained Bond Fund), вреден 1,5 милијарди долари и им препорачува на инвеститорите кои сакаат да го задржат капиталот, да инвестираат во биткоин и злато.

Веќе неколку години Грос и други инвеститори предупредуваа дека негативните камати едноставно нема да го ублажат ударот во случај на рецесија, но и ќе ги уништат бизнис моделите на капитализмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП