21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен промет со акцијата на Скопски пазар

Зголемен промет со акцијата на Скопски пазар

berza

Приоритетната акција на Скопски пазар (СПАЗП) беше лидер по остварениот промет со 7,3 милиони денари и воeдно оствари најголем поединечен пораст на вредноста на акцијата од 20 отсто со истргувани 2.447 лотови по цена од 2.982,00 денари.

Во листата на милионерите уште се запишаа и акциите на Комерцијална банка (2,5 милиони денари) и акцијата на Централниот депозитар за хартии од вредност (1,4 милиони денари).

Зголемен промет на тргување имаше и кај обврзниците од 1,5 милиони денари, при што најтргувани беа обврзниците за денационализација од четиринаесеттата и петнаесеттата емисија (РМДЕН14, РМДЕН15).
Вкупниот промет изнесуваше 14,5 милиони денари при што индексот МБИ10 порасна за 0,05 отсто, додека ОМБ ја намали својата вредност за 0,14 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП