22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата блиску до 51 долар, фокусот врз иранското и либиското...

Цените на нафтата блиску до 51 долар, фокусот врз иранското и либиското производство

nafta66

Цените на нафтата се задржаа во вторник на меѓународните берзи близу до нивото од 51 долар, бидејќи вниманието на пазарите е насочено кон информациите за продолжено зголемување на иранското и либиското производство, а дополнителен проблем беше и појакиот долар.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 50,67 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по 48,57 долари.

Денеска вниманието на берзите го привлече проценката на неименувани упатени извори дека продажбата на иранската нафта и деривати веројатно се приближила на нивото од 2011 година, пред воведувањето на санкциите. Иран веројатно во септември продавал 2,8 милиони барели нафта дневно, велат изворите. Техеран сака да го достигне нивото од четири милиони барели дневно, колку што произведуваше пред санкциите.

Производството е зголемено и во Либија.

Обете земји се изземени од алжирскиот договор на членките на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) за замрзнување на производството.

Дополнително цените денеска ги изненади и јакиот долар, кој го достигна највисокото ниво во последните 13 дена, поткрепен од позитивните резултати на истражувањето за довербата на инвеститорите.

Вниманието сега се свртува кон неделните извештаи за резервите во САД. Анкетата на Reuters покажа дека аналитичарите очекуваат раст на резервите минатата недела за 2,7 милиони барели.

Одвоено, ОПЕК денеска објави дека референтната цена на неговата нафта во понеделник изнесувала 46,64 долари, што значи дека пораснала за 2,01 долар во однос на претходниот ден на тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП