10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие двајца богаташи заработија по над 10 милијарди долари во 2016-та

Овие двајца богаташи заработија по над 10 милијарди долари во 2016-та

bogati 35999

Денес тие се на третото и петтото место на листата на милијардери, подготвена од „Bloomberg“. Нивните имиња се Џеф Безос и Марк Цукерберг, соодветно Извршните директори на „Amazon“ и „Facebook“.

Благодарение на растот на цените на акциите на компаниите раководени од нив, денес тие поседуваат 12.7 и 10.5 милијарди долари повеќе во однос на почетокот на 2016-та година, со што нивните богатства веќе изнесуваат 72.4 и 56.3 милијарди долари.

Нафтениот магнат Харолд Хам пак има додадено повеќе од 120% до богатство – вкупно 8,5 милијарди долари, со што веќе денес има 15,5 милијарди долари. Сериозни процентни во зголемувањата се земат во предвид и во богатството на двајца руски милијардери – Андреј Мелниченко и Вагит Алекперов, кои се зголемени соодветно со 69 и 56% од почетокот на годината, до 10.3 и 10.5 милијарди долари.

Податоци на „Bloomberg“ од 3-ти октомври покажуваат дека основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс и понатаму е најбогат со неговите 89.2 милијарди долари. Следува најбогатиот Европеец Амансио Ортега, сопственикот на „Inditex“ која е своето портфолио ги има „Zara“, „Bershka“, „Massimo Dutti“, „Stradivarius“ и „Pull & Bear“ и има над 6.000 продавници низ целиот свет. Богатството на Ортега денес се проценува на 78.4 милијарди долари.

Меѓу горенаведените Безос и Цукерберг во рагирањето е инвеститорот Ворен Бафет со 64.8 милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП