26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOMV прогнозира пад на производството на гас во Европа за 50 милијарди...

OMV прогнозира пад на производството на гас во Европа за 50 милијарди кубни метри годишно

gas 335

Производството на гас во Европа се намалува за 50 милијарди кубни метри годишно, а сепак побарувачката на ова гориво ќе се зголемува секоја година. Ова го изјави на Меѓународниот гасен форум во Санкт Петерсбург, Манфред Лајтнер, член на раководството на австриската компанија „OMV“.

„Со 50 милијарди кубни метри годишно, ќе биде скратено ископувањето во Европа, ќе треба да се пополнат празнините со увоз. Побарувачката ќе продолжи да расте“, рече тој.

Лајтнер ја нарече Русија за најважен партнер на Европа во снабдувањето со гас. Според него токму преку соработката со Русија, Европа успева да постигне рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на гас на внатрешниот пазар.

На маргините на гасниот форум во Петербург, рускиот заменик-министер за енергетика Кирил Молодцов изјави дека постојните залихи на јаглеводороди во Русија ќе стигнат за уште најмалку 40-50 години.

„Имаме јаглеводороди за минимум 40-50 години“, рече Молодцов, коментирајќи ја изјавата на шефот на „Сбербанк“, Герман Греф дека резервите на суровини на Русија можат да завршат во 2028-2030 година.

Според шефот на „Сбербанк“, историскиот излез од моноресурсната состојба на руската економија е многу болен. Греф сепак изрази надеж дека е ставен почетокот на измена на квалитетот на економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП