30 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТоп-верзијата на Porsche Panamera ќе биде хибрид

Топ-верзијата на Porsche Panamera ќе биде хибрид

pani hib33

Втората генерација на хечбекот „Porsche Panamera“ ќе добие нова топ-верзија, која ќе биде со хибриден погон. Ова го откри пред новинарите шефот на компанијата Оливер Блом за време на автосаемот во Париз. Таму Германците за прв пат ја покажаа сегашната хибридна варијанта на моделот – „Panamera E-Hybrid“.

Автомобилот е придвижуван од агрегат, во кој влегуваат 2,9-литарски бензински би-турбо „V6“ мотор со 330 КС и електромотор со 136 КС. Моќноста на модификација е 462 КС, а таа отстапува од топ-верзијата „Panamera Turbo“. Таа пак се потпира на 4.0-литарски „V8“ со 550 КС. Според зборовите на Блом, сепак новиот предводник на моделот ќе располага со 700 КС и 1085 Нм вртежен момент, а ќе користи некои од технологии кои се користат во суперавтомобилот „Porsche 918 Spyder“.

Се очекува најмоќната верзија на хечбекот да го добие името „Porsche Panamera S E-Hybrid“. Новото во неа ќе биде токму 4,0-литарскиот „V8“ бензински мотор, кој ќе го заземе местото на 2,9-литарскиот „V6“. Ова ќе биде и најбрзата верзија на моделот. Што точно значи тоа, засега не се открива. За споредба „Panamera E-Hybrid“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди, а „Panamera Turbo“ за 3,8 секунди.

И двата хибридни агрегати ќе бидат употребени при следната генерација на кросоверот „Cayenne“, откри шефот на „Porsche“. Тој, меѓутоа, прецизираше дека во компанијата не предвидуваат претставување на електрични верзии на спортските модели „911“ и „718 Cayman/ Boxster“. Во „Porsche“ исто така не планираат да се откажат и од дизел верзиите, а тие продолжуваат да уживаат огромна популарност меѓу Европејците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП