4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСклучен договор за соработка помеѓу Универзитетот од Линц и Универзитетот „Св. Апостол...

Склучен договор за соработка помеѓу Универзитетот од Линц и Универзитетот „Св. Апостол Павле“

uni 888

Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Универзитетот за применети науки на Горна Австрија – проф. Гералд Раизингер потпишаа Договор за соработка помеѓу двете институции.

Потпишувањето на Договорот ќе резултира со интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока на трансфер на знаења и технологии и соработка при реализација на научни проекти.

„Универзитетот за применети науки од Линц претставува водечка образовна институции на Горна Австрија и еден од водечките универзитети во Австрија. Меѓународните проекти, приходите од истражувачката работа и публикувањето во релевантни научни списанија се помеѓу најзначајните карактеристики на оваа научна установа. Сметам дека соработката со Универзитетот за применети науки на Горна Австрија нуди големи потенцијали и јас искрено се надевам дека истите ќе ги искористиме на најдобар можен начин во интерес на развој и подигање на реномето на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, рече ректорот Марина.

Потпишувањето на Договорот за соработка со Универзитетот за применети науки на Горна Австрија е дел од иницијативата на ректорот Нинослав Марина за воспоставување на ефективна меѓународна соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и реномирани универзитети ширум светот, во чии рамки веќе се склучени договори со над педесет универзитети од Азија, Африка, Европа, Јужна и Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП