Англиската централна банка (BoE) ќе одржи стрес тестови со поширок опсег за издржливоста на британските банки, кои ќе бидат дополнување на редовната годишна проверка на нивнoтo финансиско здравје, соопштува „Ројтерс“.
Се очекува централната банка да ги објави резултатите од стрес тестовите на големите англиски банки на 30-ти ноември, заедно со шестмесечниот извештај за финансиската стабилност. Во исто време во 2017-та година ќе бидат одржани дополнителни стрес тестови, објави регулаторот.
Следната година стрес тестовите на најголемите банки во Англија за прв пат ќе вклучуваат две сценарија. Во прилог на годишното циклично сценарио, банката планира да воведе т.н. „прелиминарно сценарио“.
„Ова ќе овозможи отпорноста на банките да биде прифатена кај поширок круг од потенцијални закани“, прецизираа од банката.
Годишните стрес тестови обично се фокусираат на потенцијалните закани во блиска иднина. Тестовите оваа година се фокусирани на опасностите од доцнењето на британската и светска економија.
Банките кои ќе минат тестовите во 2017-та година, се истите кои беа подложени на тест оваа година – „Barclays“, „HSBC“, „Lloyds Banking Group“, „Nationwide Building Society“, „Royal Bank of Scotland“, „Santander UK“ и „Standard Chartered“.
Покрај тоа Централната банка пушти снимка од последните квартални дискусии на Комисијата за финансиска политика, кои се одржаа на 20-ти септември.
Како заклучок по средбата комисијата наведува дека Велика Британија се уште се соочува со период на предизвици за финансиската стабилност, иако отпорноста која се забележува по референдумот за излез од ЕУ. Експертите ја отфрлаат можноста за олабавување на регулатотните правила на банките.
„Зајакнувањето на несигурноста во однос на краткорочните макроекономски изгледи и идните односи на Велика Британија со ЕУ за внатрешните ризици“, се наведува во пораката.
Од централната банка порано тврдеа дека може да воведат уште мерки во оваа година, откако Комисијата за монетарна политика ја намали каматната стапка во текот на летото за прв пат од седум години. Определувањето на точниот момент на можните активности е комплициран од фактот дека министерот за финансии Филип Хамонд ќе го изнесе во својот последен говор за фискалната политика пред 23-ти ноември.
Економистите од централната банка, на чело со Марк Карни, очекуваат британската економија да западне во рецесија. Во август тие ја намалија референтната каматна стапка за 25 базични поени до 0,25%, а на седницата во септември сигнализираа дека може да има уште едно намалување во 2016-та година, ако економијата се развива во склад со прогнозите.