13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кој регион е лидер во модната онлајн трговија?

График на денот: Кој регион е лидер во модната онлајн трговија?

trgov88

Модата е релативно зрел пазарен сегмент во светот на електронската трговија. Пошироката палета на бои, големини и модели понудени во онлајн продавниците, подобрата и често бесплатна испорака и беспрекорниот процес при враќање, се повеќето фактори кои го поддржуваат континуираниот нагорен тренд на онлајн шопингот во модниот сегмент. Покрај тоа, некои интернет продавници продаваат модни производи, нудат услуги кои корисниците не можат да ги откријат во традиционалните физички продавници.

Кој регион сепак – САД, Европа или Кина, е лидер во модната онлајн трговија? Според извештајот на „Statista“ на прво место се наоѓа Кина, а очекувањата се во 2018-та година тој дури да ги надмине САД и Европа заедно.

Во 2016-та година, обемот на кинескиот пазар се проширил до 125,8 милијарди долари. Желбата на кинеските потрошувачи да купуваат надвор од земјата (87% од нив) и силниот фокус врз луксузните модни производи за одредени богати клиентски групи има значително влијание врз пазарот.

Според извештајот трите региони акумулираат приходи од модната онлајн трговија во износ од 275,8 милијарди долари во 2016-та година, покривајќи над 83% од глобалниот моден пазар на интернет. Очекувањата се онлајн трговијата на модни производи да достигне 332,1 милијарди долари до крајот на годината, со што ќе формира 28% од електронската трговија како целина.

Европскиот пазар е втор најголем со 86,8 милијарди долари во 2016-та година. Големиот број корисници со пристап до интернет, релативно широкото навлегување на онлајн трговијата во комбинација со релативно високата куповна сила го прави континентот многу атрактивно место за онлајн трговците. Големи онлајн играчи во модниот сектор во Европа се „Zalando“, „Vente Privee“, „Asos“, „Otto Group“ и „H&M“.

trgov89

Американскиот пазар се проценува на 63,3 милијарди долари во 2016-та година. И ако европскиот пазар формира 26,1% од глобалниот пазар, уделот на американскиот е 19.0%. Најголемите играчи во САД се онлајн продавниците на „Gap“ и „Nordstrom“, и се разбира, „Amazon“.

Според „Statista“ онлајн трговијата во глобалниот моден сегмент ќе се зголеми со просечна годишна стапка од 13,8% до 2021-ва година и вкупната големина ќе достигне 633,5 милијарди долари.

Најбрзо растечкиот регион е Кина со 17,4%. Просечна годишна стапка на раст до 2021-ва година се очекува модната онлајн продажба таму да се зголеми за трипати од оние на американскиот пазар до 2021-ва година. Овој развој е поддржан од континуираната интернет пенетрацијата во Кина и се повисоката куповна сила во урбаните области на земјата. Интернет покриеноста е 51,3% во 2016-та година, што во однос на САД и Европа е релативно ниско.

Во Европа и САД интернетот е силно навлезем во домовите на луѓето, што значи дека растот се должи главно на континуираното поместување на постоечката корисничка база од физички продавници кон онлајн шопинг.

Еден од најважните трендови во сегментот е „брзата мода“. Трговците на „брза мода“, како „Zara“ и „H&M“ го намалуваат „времето за маркетинг“, односно времето помеѓу наметнувањето на трендот и понудата за клиентите преку оптимизирани синџири на вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП