3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗборови кои ќе го разбудат иноваторот во вас

Зборови кои ќе го разбудат иноваторот во вас

success-660x330

Сите луѓе во себе носат потенцијал да бидат креативни и иновативни. Сите можат да бидат претприемачи, дури и оние кои работат внатре во одредени големи организации можат да придонесат за одредени промени. Се што е потребно е страст, љубопитност и силна желба да се влијае на светот, дури и на најмалиот начин.

Ниту една личност не е иста и сечиј пристап е различен. Верувајте му на својот личен поглед на светот, и без оглед што мислат другите, обидете се да ги остварите своите соништа. Прочитајте ги следните цитати и пробудете го иноваторот во вас:

* Никогаш нема да откриете нови океани, доколку немате храброст да го загубите брегот од вид – Андре Жид.

* Ако на прв поглед идејата не е апсурдна, тогаш за неа нема надеж – Алберт Ајнштајн

* Единствен начин да откриете каде се границите на можното, е да одите зад нив, во невозможното – Артур Кларк.

* Најдобриот начин да ја предвидите иднината е да ја измислите – Алан Кеј

* Нашиот очаен вид е така направен, такашто оние кои одат по добро истапканиот пат, секогаш фрлаат камења на оние кои покажуваат нов пат – Волтер

* На сонувачите им се потсмеваат дека се непрактични. Но, вистината е дека тие се најпрактични, бидејќи нивните иновации водат кон прогрес и подобар живот за сите нас – Робин Шарма.

* Запомнете ги овие две добри страни на неуспехот. Првата е доколку не успееш ќе научиш што не функционира, а втората е дека неуспехот ти овозможува прилика да се обидеш со нов пристап – Роџер Вон Оех.

* Иновацијата е еволутивен процес, така што не е неопходно да бидете радикален цело време – Марк Џејкоб

* Во светот на промени, оние кои учат ќе ја наследат земјата, додека оние неучените, ќе бидат целосно подготвени за светот кој повеќе не постои – Ерик Хофер.

* Таму каде сите мисли се слични, не постои опасност од иновација – Едвард Еби.

* Подготвеноста да се биде шампион во глупи идеи, е клучот за поголема креативност, иновации, задоволство, инспирации, мотивација и успех – Ричи Нортон

* Да учите дека релативно мал број луѓе се одговорни за најголемиот напредок на човештвото е најголемата глупост – Хенри Форд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП