5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбуки за млади говорници во средните училишта

Обуки за млади говорници во средните училишта

говорници

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус започна со реализации на обуки за т.н. меки вештини во средните училишта на територија на општина Гази Баба – Средно училиште „Михајло Пупин“, Средно училиште „Боро Петрушевски“, Средно училиште „Панче Арсовски“ и Средно училиште „8 Септември“ во рамките на проектот „Инвестираме во вештините на нашите млади граѓани, инвестираме во нашата општина“ финансиран од општина Гази Баба.

Основна цел на проектот е да се унапредат и развијат т.н. „меки“ вештини кај младите и невработени лица од општината со цел нивен поуспешен влез на пазарот на трудот или во високото академско образование. Со подготовката на младите, учениците преку обуките од областа на „меки“ вештините, ќе се зголеми на нивната самодоверба, ќе се подобри сопствената презентацијата и успешно ќе ги презентираат своите квалитети пред идните потенцијалните работодавци или академската заедница.

Потребата од ваков вид на обуки е заради затворениот и изолиран начин на живот претежно само преку социјалните медиуми, младите луѓе се оградени од можноста постепено да ги стекнуваат овие вештини во својот живот и затоа овие обуки претставуваат можност со која тие би ги стекнале потребните вештини. Со напуштањето на средното училиште, и нивното продолжување понатаму во високите образовни институции или пазарот на трудот, младите се среќаваат себе си со недостаток на вештини кои се понекогаш и предуслов за напредок во кариерата или образованието.

„Преку реализација на овој проект ќе се надмине недостатокот од директна интеракција на младите со нивното опкружување и ќе се унапредат нивните вештини во областа на комуникациите, јавното говорење, тимско работење и презентирање. Истовремено активностите кои се реализираат во овој проект е и да се промовира и да се поттикне поголемо учество на младите во општеството“, вели Пекевски Синиша – претседател на Концепт плус.

Со обуките кои ќе бидат реализирание, младите луѓе ќе го надминат својот страв од јавното говорење и презентирање, ќе можат без страв да го преземаат водството во свои раце секогаш кога тоа се бара од нив и ќе научат како да бидат добри соработници, колеги и пријатели.

Проектот „Инвестираме во вештините на нашите млади граѓани, инвестираме во нашата општина“е финансиски поддржан од општина Гази Баба, а го имплементира Здружението на граѓани КОНЦЕПТ Плус во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП