2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците најавија целосен пресврт

Грците најавија целосен пресврт

165299176057f28a4d33f7a328143366_w640

Грчките власти предвидуваат во нацрт-буџетот за идната година, поднесен во парламентот, дека во 2017 година земјата ќе започне да бележи економски напредок.

Растот на БДП ќе изнесува 2,7 проценти со намалување на долгот, а како што наведоа, очекуваат и пад на невработеноста.

Ова враќање на растот по 2016 година која треба да заврши со пад на БДП од 0,7 проценти, е резултат на враќањето на довербата во грчката економија, се наведува во нацрт-буџетот.

Грчкото министерство за финансии наведува дека овој напредок и понатаму зависи од бројни услови меѓу кои и спроведувањето на обврските за штедењето и реформите кои земјата ги презема од своите кредитори ЕУ и ММФ и решение на лошите долгови кои го гушат банкарскиот сектор.

„Развојот на преговорите за реструктуирањето на долгот ќе одигра одлучувачка улога“, се наведува во текстот во кој се проценува дека јавниот долг на крајот на 2016 година ќе биде 315 милијарди евра, односно 178,9 проценти од БДП.

Еврозоната и ММФ се договорија во мај за можноста за олеснување на грчкиот долг и за низа краткорочни мерки, но досега не успеаа да го усогласат темпото и обемот на долгорочна интервенција.

Во нацрт-буџетот вклучени се низа мерки за помош на домаќинствата најповеќе осиромашени од кризата и зголемување од 250 милиони евра за јавните инвестиции. Според нацрт-буџетот се предвидува дека невработеноста, која е највисока во евроознта, ќе падне на 22,4 проценти во 2017 година, во однос на сегашните 23,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП