Бизнис активноста во производниот сектор во Велика Британија неочекувано се забрзува во септември до највисокото ниво од средината на 2014-та. Индексот на менаџерите на договорите (PMI) на приватната компанија „Markit“ бележи отскокнување до сезонски прилагодените 55,4 поени во септември од 53,3 поени во август.
Пазарите очекуваа вредноста да се намали до 52,1 поени.
Секоја вредност од над 50 поени покажува дека секторот е во експанзија, а секоја вредност под оваа граница зборува за контракција.
Експертите од „Markit“ посочуваат дека растот на производството, нови нарачки и вработувањето се стабилизираат и објаснуваат дека голема улога за тоа има слабата валута, која ги промовира нарачките за извоз и трошоците за производство.
Обновата на дното во јули до денешните добри податоци е „охрабрувачки силно“, смета Роб Добсон, виш економист во „Markit“. Според него развојот може да направи дополнителен позитивен придонес кон БДП-то во третиот квартал.
„Слабиот девизен курс останува главен мотор на растот и доведува до зголемување на нарачките од Азија, Европа, САД, како и од голем број пазари во развој“, вели Добсон. „Внатрешниот пазар исто така, го поддржува растот, особено што се однесува до побарувачката на стоки за широка потрошувачка“, додава тој.
Во меѓувреме британската фунта достигна нов 3-годишен минимум во однос на еврото по веста дека Велика Британија ќе ја започне постапката за заминувањето на ЕУ до крајот на март. Денес пред пладне курсот на фунтата падна до 87,46 пени за евро, што е најниска вредност на британската валута од почетокот на август 2013-та.
source: tradingeconomics.com