19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува Вигор бармен куп 2016

Почнува Вигор бармен куп 2016

barmen kup333

Осмото по ред издание на Вигор бармен куп, најстарото и најголемото коктел натпреварување во Македонија, ќе се одржи од 4 до 5 октомври во хотелот Александар Парк, во Виница.

Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во две категории: „класика“, каде се избира најдобриот и најатрактивен коктел, и „флер“ каде се оценува атрактивноста при правењето на коктели. Натпреварот ќе биде проследен од жири во кое членуваат еминентни коктел стручњаци и шампиони од Хрватска.

Моментален шампион во „класика“ е Методи Перунковски, кој истовремено е и носител на бронзен медал на Светското првенство за бармени во категоријата пенливи коктели.

Натпреварот започнува со полуфиналните натпревари во 13 часот во вторник, а финалето ќе се одржи утредента напладне. Сите коктели може да бидат дегустирани од публиката, а исто така, вечерта ќе се одржи и забава со ДЏ Димитрофф.

Ова е осмо издание на Вигор Бармен Куп, кој прерасна во своевидна традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП